Без победник 1-1
заврши пресметката на дното на табелата меѓу Охрид и 11 Октомври. Малку недостигаше стратегијата “ лежи
што можеш повеќе“ да им донесе резултат
на прилепчани кои во Охрид , со ултра
дефанзивна тактика дојдоа до посакуваниот бод. Пристуните гледачи во Охрид
неможеа да уживат во фудбалската престава
бидејќи гостите и на најситниот прекршок се превиткуваа на теренот небаре се
здобиле тешка повреда.
Натпреварот
започна како што посакуваа гостите кои преку единствениот фудбалер кој беше во
шпицот на нападот стигнаа до предност . Гешовски одлично ја прифати
длабочинската топка се ослободи од својот чувар и погоди за предност на
“црвените“.
По примениот погодок, им требаше дополнително време на составот на
“рибарите“ да се совезамт и да ја легнат топката. По една таква комбинација на
Димоски и офанзивниот Велески, овој вториот беше повлечен во казнетиот простор,
а судијата Фатон оправдано покажа на белата точка. Клечкароски биеше , го совлада голманот
Коруноски, но пред охриѓани се испречи дирекот кој спречи радост на трибините.
Втор казнет удар сезонава кој Клечкароски не успева да го претвори во гол. До
крајот на првиот дел уште еднаш се закана Гешоски но беше сопрен од Белица.
Со серија измени во вториот дел Антиќ се обиде да ја раздвижи играта но
тешко се пронаоѓаше пукнатина во “црвениот кинески ѕид“ кој гостите го имаа
поставено пред голманот Коруновски.Со Алими и Шаќири, охриѓани добија на брзина
во играта, а Димоски и Клечкароски тешко се снаоѓаа во згуснатиот казнет
простор. Домаќините продолжија со сите расположиви средства да напаѓаат кон
голот на Коруноски, играта по страна го даде очекуваниот плод. Во 80 минута од
мечот по продорот на Алими по десната страна во казнетиот простор на него
стартуваше Рутевски, домашните бараа уште една најстрога казна, но свирчето на
Фатон не се огласи.
Кога гостите помислија дека ја завршиле работата, стигна погодокот на
Димоски како награда за залагањето во текот на сите деведесет минути. Соло
продор на офанзивецот кој изби сам пред голманот Коруновски и го матираше за
изедначување. За Димоски ова е втор погодок едноподруго во шампионатот. До
крајот на мечот не се изроди некоја посериозна прилика и мечот заврши со
поделба на бодовите.