“Песната “Кога љубов имам” е работена заедно со продуцентот и композитор Гоце Симоноски, а е снимена во студиото на Лазар Цветкоски, LCV Production.

Музиката е на Горан Папаз а аранжманот е на Гоце Симоноски.

Се работи за ведра тема во која провејуваат и женски вокали. Инспирацијата за истата е љубовта кон се што е околу нас т.е. се што не опкружува а не прави среќни. – вели Папаз.

Видеото е снимено и режирано од Ѓоле Наумовски, Мега Продукција. Снимањето траеше два дена и е снимено на две локации. Како главен протагонист во видеото се појавува моделот Емилија Малезан.

OhridNews