Далеку од тоа дека публиката не ќе може да ужива во нивната беспрекорна арбитража, но вистинско прашање е зошто охриѓани на гостувањата не добиваат вакво судење, туку на жешките терени секогаш се праќаат судии кои се далеку од авторитетот, квалитетот и рангот на тандемот Начевски – Николов.
Судиската двојка сигурно повеќе ќе им лежи на стружани кои во Охрид ќе добијат “европско“ судење, нешто што охриѓани никогаш не го добиле во Струга.
За поздравување е и доаѓањето на Камер Металари во Охрид, кој би требало да даде одговори на неколку прашања, посебно околу случувањата во Скопје кај Ринија. Охриѓани тогаш едвај го напуштија теренот и со полициска придружба заминаа од Скопје, а РФМ не само што ги награди домаќините со службениот триумф туку драстично го казни охридскиот состав.
Сите овие елементи ќе бидат само мотив повеќе за охридските гладијатори да ја забележат првата победа над стружани годинава.