Приштинскиот весник „Коха Диторе“ објави дека паравоената Ослободителна народна армија или ОНА ја преземала одговорноста за гранатирањето на Владата кое се случи во петокот вечерта, објавија националните медиуми.

Според весникот, соопштението во кое се презема одговорноста е потпишано од извесен командант Куштрими.

Владата до сега беше мета на два вооружени напади. Од полицијата велат дека двата напади се случиле од ист правец. Во инцидентите немаше повредени лица.

OhridNews