Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски не престанува да биде привлечен за италијанските медиуми кои секојдневно нешто откриваат за голгетерот на Палермо.
Во најновото интервју за „Газета дело Спорт“, Несторовски за неговиот идол, плановите со Палермо и за Горан Пандев кој има оставено траен белег во Серија А.
– Мој идол е Филипо Инзаги. Тој е икона на италијанскиот фудбал. Ќе ми биде задоволство ако успеам да постигнам половина од неговите успеси. Неговиот рецепт го знам, а на мене останува напорно да работам на тренинзите. – вели Несторовски.
Репрезентативецот на Македонија со 9 голови е најпрецизен во составот на Палермо. По тој повод италијаните му дадоа и надимак и сега е „НестоГол“.
– Треба да бидиме обединети до крај и да не се предаваме за да ја стигнеме нашата цела сезонава, тоа е опстанок. Се надевам дека со навивачите на Палермо и следната година ќе се видиме во Серија А. Мене лично супер ми е во Палермо и сакам да останам тука. – додаде Македонецот.
Кога се зборува за Македонија во Италија не може а да не се спомене Горан Пандев. Капитенот на Македонија голем дел од кариерата ја помина во Серија А играјќи за Анкона, Лацио, Интер, Наполи и Џенова.
– Пандев е златно момче и од него учиме сите. Остави траен белег во европскиот и светскиот фудбал. Многу сме блиски и верувам со негова помош дека оваа генерација ќе допринесе доста во македонскиот репрезентативен фудбал. – заврши Несторовски.
Иначе, Несторовски од Интер Запрешиќ се пресели во Палермо кој за сега оддолева на понудите за македонскиот репрезентативец.
OhridNews