Одисејата на шкотскиот стратег Дејвид Мојс на клупата од Манчестер Јунајтед траеше десет месеци, а не пет години како што имаше договор со англискиот гигант.
Поранешниот фудбалер на „ѓаволите“, Гери Невил, кој сега работи како стручен коментатор вината за отказот на Мојс ја најде во самите фудбалери.
– Фудбалерите треба да ја преземат одговорноста. Тие се оние кои се борат на теренот. Додека бев активен фудбалер никогаш не го обвинував менаџерот за поразите. Секогаш играчите ја сносат вината. Тие треба да ја преземат одговорноста, бидејќи факт е дека никој не отпушта 24 играчи кога работите не се одвиваат добро – рече Невил.
Со овие фудбалери минатата сезона Сер Алекс Фергусон на Манчестер Јунајтед му ја донесе 20-та титулата во Премиер лигата со 15 бодови пред второпласираниот тим на табелата.
– Овие играчи не се толку лоши како што изгледа во моментов. Тие го сакаат клубот , знам дека имаат голема желба и волја . Сепак, ја загубија нивната самодоверба , а тоа го чинеше Mojс отказ – додаде Невил.
Мх.П.