Бранителот на трофејот на ЕП, Шпанија со нерешено ќе го обезбеди пласманот додека со победа ќе ја освои првата позиција. Ако “црвената фурија“ ремизира со Хрватска 1-1, а Италија ја совлада Република Ирска со 4-0, Шпанија ќе биде првопласирана поради подобриот коефициент.
Хрватска дефинитивно ќе се квалификува во 1/4 финалето со победа и ја обезбедува првата позиција. Ако “коцкастите“ ремизираат без голови 0-0, а “азурите“ триумфираат избраниците на Билиќ ги завршуваат натпреварите. Ако Хрватска ремизира 1-1, а Италија победи со два голови разлика но повеќе од 3-1, Италија продолжува понатаму поради коефициентот.
Италија на дуелот со Ирска мора да триумфираа. Реми од 2-2 на дуелот Хрватска – Шпанија става крај на сите надежи за “азурите“. Ако заврши Хрватска – Шпанија без голови на Италија и одговара секаква победа, ако заврши 1-1 “азурите“ мораат да триумфираат со два голови разлика од 3-1.
Селекцијата на Република Ирска нема шанса за пласман во 1/4 финалето. Со победа над Италија тие ќе ја освојат третата позиција во групата.
Коефициентот на репрезентациите според УЕФА :
1. Шпанија 43.116
2. Италија 34.357
3. Хрватска 33.003