Шестмината кандидати за директор на Националната установа фестивал Охридско лето, ги доставија своите програми до министерката за култура која изминатата недела се сретна со секој од нив поединечно.

Се очекува врз основа на понудената програма и интервјуата, министерката Канческа Милеска да ја донесе одлуката за избор на директор на Охридско лето, која може да се очекува уште денеска, или најдоцна во деновите што претстојат.

Конкурсот за избор на нов директор на  Охридско лето се спроведе по скратена постапка по оставката на поранешниот раководител Васко Василески. Фестивалот нема ниту програмски селектори, а го тресат и скандали со наводни проневери и долгови чиј точен износ го утврдува УЈП.

И покрај сето ова, од Управниот одбор на фестивалот уверуваат дека установата со изборот на новиот директор брзо ќе се консолидира и успешно ќе ја подготви и реализира програмата за 52-то издание на Охридско лето.

OhridNews