Тој што ќе го спонзорира подготвувањето на рибната чорба за Денот на рибарите, да биде кум за Водици, е предлогот кој бил прифатен од управниот одбор на здружението на граѓани „Богојавление“, организатор на манифестацијата по повод богојавленските празници.

-Сметаме дека предлогот е добар, затоа што подготвувањето на рибната чорба е навистина голема работа и бара доста средства, па оттаму тој што ќе го спонзорира тоа, би требало да биде кум за Водици, изјави за OhridNews претседателот на „Богојавление“ Љупчо Арнаудов.

Рибната чорба од 3,3, тона подготвена за Денот на рибатите,  со која Охрид претендира да влезе во Гинисовата книга на рекорди, годинава ја спонзорираше Сандре Трпоски, сопственик на компанијата „Дасс инженеринг“, кој според најавите на ЗГ „Богојавление“, најверојатно ќе биде новиот кум на Водици во 2014 година. Подготвувањето на рибната чорба фирмата на Трпоски ја чинело околу 4500 евра.

OhridNews