Новогодишните празници Охрид годинава ќе ги одбележи со бројни културно – забавни манифестации кои ќе траат повеќе дена. Празничната програма се очекува да биде објавена денеска на прес конференција, на која ќе бидат соопштени и детали за дочекот на Новата година на градскиот плоштад.

Иако во јавноста деновиве кружеа најразлични информации, најверојатно ќе отпадне идејата за ангажман на голема музичка ѕвезда за дочекот на Нова година. Причина за ова, како што дознаваме, се високите хонорари кои ги побарале познатите балкански пеачи, па затоа градот се одлучил за проверени домашни изведувачи. 

OhridNews