на Македонија дека ја напушта селектороската позиција. Сега се поставува
прашањето, кој после Ѕвонко Шундовски ?
Од квалитетните македонски тренери моментално никој нема ангажман. На двата водечки тимови во Супер лигата Вардар ПРО и Металург, тренерите Лино Червар и Веселин Војувиќ доаѓаат надвор од Македонија.
Токму Червар е најголем фаворит во спортската јавност за преземање на македонската селекција. Но, во четири годишниот престој во Македонија, хрватскиот стратег сеуште се нема изјаснато јавно за позицијата селектор.
Битолчанецот, Шундовски иако беше на тапет од јавноста за тактиката и водењето на селекцијата, сепак во македонската ракометна историја ќе остане како успешен селектор кој ја предводел репрезентација на две големи натпреварувања Светстко и Европско првенство.