Рамиз Мерко не покажува самоволие и не е над законот, туку ги почитува прописите и правилата, вели градоначалникот на Струга, според кого изградбата на спорната џамија во Горна Белица, што неодамна беше ставена во употреба, ја проблематизираат тие кои не сакаат соживот помеѓу Македонците и Албанците. Тоа според Мерко го потврдува и молчењето на администрацијата на презентираните документи од општината за предметот кој поради непостапување го одзеде Државниот градежен инспекторат.
– Предметот за кој на општината и беа одземени ингеренциите за изградбата на џамијата во горна Белица ние го обжаливме до Второстепена комисија бидејќи ја имаме целата документација и не постои грешка во процедура, зад што одговорно стојам. Се друго некој сака сензации.-вели Мерко.
– Овие одобренија се од 5-та категорија и истите треба да ги даде локалната самоуправа и да се грижи понатаму. Но нас на некој начин ни се одземени ингеренциите, бидејќи одобренијата ги има издадено Министерството за транспорт, односно Комисијата за издавање на плажите под концесија, објаснува Мерко.












