Унгарската полиција ги истражува околностите под кои починале неколку лица, чии тела се најдени во гробница на островот Чапел во Будимпешта.

Според пишувањето на унгарските медиуми жртвите биле брутално претепувани и ограбени, а потоа живи закопувани во претходно ископани јами во близиина на реката Дунав.

Портпаролот на унгарската полиција Ласло Барта изјави дека се пронајдени неколку трупови и оти се испитува нивното убиство.

Весникот „Модјар немзет“ пишува дека полицијата била известена каде се наоѓаат труповите од човек кој успеал да избега од дупката во која бил закопан и да ја избегне страотната смрт. Човекот бил повреден во градите.

Медиумите во Унгарија најпрво пренесоа декаосмоничен за убиствата е српски лихвар. Потоа медиуми во Србија повикувајќи се на амбасадата на таа земја, објавија дека се работи за македонски државјанин. Тоа го демантираше македонската амбасада во Будимпешта, која ја контактирала амбасадата на Србија, откаде било кажано дека таквите информации објавени во српски медиуми не потекнуваат од дипломатското претставништво, пренесувас телевизијата Телма.

На осторовот пронајдени се четири беживотни тела, а можно е бројот да биде поголем.

OhridNews
извор: Телма