Четвртфиналниот дуел помеѓу Тотенхем – Болтон, беше прекинат во 41-та минута, откако фудбалерот на гостите Френсис Муамба колабираше на теренот. Младинскиот репрезентативец на “гордиот албион“, веднаш беше префрлен во болница.

Менаџерот на Болтон, Овен Којл е дециден дека нема да го доиграат натпреварот со Тотенхем од ФА Купот – Имаме поважни работи од фудбал моментално, сите во мислите сме со Муамба и неговата состојба – истакна Којл.

Фудбалската асоцијација на Англија, во наредните 48 часа треба да донесе одлука околу прекинатиот меч, а натпреварот од Премиер Лигата, Болтон – Астон Вила е одложен.

Мх.П.