Општина Охрид и оваа година има чест да биде дел од овој проект,а натпреварите ке се одржат на 10.05.2013 петок во 17:00 на игралиштето во ОУ,,Св.Климент Охридски,,Охрид,а на турнирот ќе земат учество 3 основни и 3 средни училишта од градот.Минатата година екипите од Охрид имаа забележително учество на финалниот турнир во скопје.
Партнер на Пивара Скопје АД и Coca-Cola во овој проект е меѓународната организација „Отворени забавни фудбалски школи”.
„Нашиот проект треба да послужи како пример за соработка на граѓанскиот сектор, бизнисот, образовните установи, и општините, дотолку повеќе што во неговото средиште се децата и нивниот правилен развој. Успешноста на овој проект е во тоа што им овозможува на децата да го доживеат фудбалот и воопшто спортувањето како можност за дружење со пријателите и семејството, забава, смеа и споделување заеднички моменти. Многу ни е драго што проектот е долгорочен и од година в година има сè поголем интерес, градиме генерации на деца кои во иднина ќе негуваат здрави животни навики.” рече Цено Александровски, претставник на меѓународната организација „Отворени забавни фудбалски школи”.
По успешниот минатогодишен Coca-Cola куп, во кој 700 деца од 70 училишта од 8 општини, одиграа 20-тина натпревари, се очекува оваа година интересот и посетеноста на натпреварите да биде уште поголем.