Мундијалот во Кина ќе биде последна авантура за Александар Ѓорѓевиќ на клупата од српската кошаркарска селекција. „Орлите“ под негово водство разочараа, и не успеаја да се замешаат во борбата за златен медал откако претрпеа пораз и елиминацијата од Аргентина во 1/4 финалето.

Селекторската палка во селекцијата на Србија ќе ја преземе Игор Кокошков. На кошаркарската фела Кокошков и е познат по освојувањето на златниот медал со Словенија на ЕП, кога во финалето ја совлада Србија. Кокошков има и НБА искуство и според сите проценки, тој е вистинскиот човек за селектор на србите.

Ѓорѓевиќ, во циклус од четири години со кошаркарска селекција играше три финалиња и во трите претрпе порази и завршуваше на втората позиција. Србија, изгуби во финалето на Европското првенство од Словенија, на Мундијалот пред четири години од Шпанија а на Олимписките игри неприминлива пречка во финалето беше дрим тимот на САД.

OhridNews