Коледарските огнови ја симболизираат светлината на Христовото раѓање. Овој обичај во охридско многу ретко се практикува, но затоа во Струга, како и во други краеви од земјата се палат коледарски огнови околу кои се собираат луѓето.

Од Црквата велат дека палењето на коледарските огнови не е пагански обичај туку симбол на Христовото раѓање. Но според нea не е добро да се претерува со пиење греана ракија и вино, туку празникот треба да се одбележи достојно согласно христијанските обичаи.

OhridNews