Соиграчот на Никола Митревски во Порто, Алфередо Кинтана, претрпе срцев удар среде тренинг и веднаш бил пренесен во болница.

Португалските медиуми информираат дека следниве 48 часа се клучни за здравјето на голманот, кој е во вештачка кома. Не е познато дали Кинтана е опериран или директно докторите го ставиле во индуцирана кома

Европската куќа на ракометот (ЕХФ) му излезе на Порто во пресрет и го одложи дуелот со Мешков Брест во Лигата на Шампионите.

OhridNews