Колегиумот на Вест на чело со Михајловски стравува дека смената е отворен обид од Владата да го скрши Вест.

– Се сомневаме дека тајмингот за политичкото преземање на Вест е намерно темпиран за време на престојните празници, за да се избегне вниманието на јавноста и особено на претставниците на меѓународната заедница во Македонија, колегиумот на Вест на чело со Михајловски стравува дека смената е отворен обид од Владата да го скрши Вест како уште еден силен глас што успеа да даде приоритет на јавниот интерес пред партискиот и владиниот интерес и да промовира граѓански активизам. 

Досега, Колегиумот на Вест истрпе политички притисок преку менаџментот на МПМ за многу објавени и необјавени теми и вести, а имаше и цензурирана насловна страна.

Стравуваме дека смената на Михајловски како главен уредник неминовно ќе значи и смена на уредничкиот Колегиум и ќе ја укине уредувачката политика водена од високите стандарди на балансирано новинарство и заштита на јавниот интерес. – велат до Вест.

OhridNews
Извор:„Телма“