– Од професионален аспект гледано , прв ќе сум што ќе го поздрави и честита за евентуалното вистинско и квалитетно профункционирање на колекторот до Пештани, како капитален исчекор кон заштитата на Охридското Езеро. Истовремено , најмалку сум задоволен од урбанистичката жестокост што му се случува на Бејбунар. Мораше да има други решенија за тој простор, вели Дејан Паноски од. Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро.
Според најавите на локалната самоуправа, колекторот во Пештани ќе биде ставен во функција на празникот Богојавление – Водици, со што ќе профункционира и секундарната канализација во населбата, што исто така ја изгради општината. Во Бејбунар повеќе инвеститори ќе градат триесет и девет станбемни згради и деловни комплекси чија вредност се проценува на околу 100 милиони евра. Изградбата на населбата беше пролонгирана поради недорзбирањата на релација централна – локална власт, а проектот беше оспорен и пред Уставниот суд.