Колекторскиот систем попушта при налет на дождовните води
21.09.11 00:02
Колекторскиот систем за преработка на отпадни води, најитно треба да се доизгради и да ги опфати сите населени места на крајбрежјето на Охридското Езеро, кое и натаму се загадува со фекални и други непречистени води кои со себе ги носат реките кои се влеваат во него. Експертите предупредуваат дека вака како што работи, колекторскиот систем е нефункционален, што може да има несогледливи последиците по животната средина бидејќи и покрај огромната моќ за самопречистување која ја поседува, веќе се забележуваат одредени промени во екосистемот на Охридското Езеро.
-Се поставува прашање дали воопшто треба да постои Колекторот доколку тој загадува. Треба да се преземат мерки пред се за механичко докомплетирање, негова доиздрадба и зголемување на капацитетот на прифаќање на водите затоа што се случува после дождови да има мешање на вода и излевање на вода од шахти и пумпни станици, истакна Ленче Локоска од Хидробиолошкиот институт од Охрид.
Од МЈП „Проаква“ кое стопанисува со Колекторот тврдат дека системот за пречистување на отпадните води е во одлична кондиција и без проблем ги прифаќа и преработува проектираните количини фекални води. Според одговорните проблем создава дождовната вода која го оптоварува системот особено при обилни врнежи поради што доаѓа до излевање на непречистени води во езерото.
– Перманентно езерото се загадува со одредена количина разредена фекална вода со дождовна вода. Поточно онаму каде што системот не ги поднесува тие количини води има мешање и излевање на вода и точно се знае на кои места, тоа се Грашница и пумпната станица кај Подмоље.-вели Ваит Ајро од МЈП „Проаква“ – Струга“.
Ајро посочува дека загадувањето на Охридското Езеро не може да се спречи без да се реши проблемот со атмосферските води во Охрид, кои покрај тоа што редовно предизвикуваат поплави во одделни населени места, го загрозуваат и работењето на колекторскиот систем, кој е проектиран за прифаќање и пречистување фекални, а не дождовни води.
-Дождовната вода не треба да влегува во колекторскиот систем. Дождовната од фекалната вода мора да се одвои, за што е потребно да се изгради систем за прифаќање на атмосферските води во должина од околу 25 километри според едни, односно 50 километри според други проценки, но тоа мора да се направи за да се реши проблемот еднаш засекогаш, бидејќи сега во колекторот влегува 7 пати повеќе атмосферска од фекална вода.-предупредува Ајро.
Со проблемот околу заштитата на Охридското Езеро деновиве беа запознаени претставниците на КФВ банката од Франкфурт која е еден од најголемите донатори и кредитори на проекти за заштита на Охридското Езеро и за подобрување на водоснабдителниот систем во Охрид и Струга,проект кој го пратат сериозни пропусти и афери поради што локалните самоуправи на Охрид и Струга покренаа иницијатива за раздружување на МЈП „Проаква“ кое заеднички го формираа.
СВР Охрид ја известува јавноста дека, утре (17022026 година) од 04 до 09 часот, на крајбрежјето и во водите на Охридското Езеро кај караулата во струшкото село Радожда, воена вежба ќе реализираат п...
Камион MAN за собирање смет во вредност од 30000 евра како донација доби Општина Дебрца која ќе ја користи ЈКП Дебрца Донацијата му беше предадена на градоначалникот на Дебрца, Златко Сиљаноски од ...
Денешните мерења на Центарот за јавно здравје Охрид на мострите од изворот „Шум“ од каде се снабдува со вода Струга и околните населени места покажуваат матност од 3,62 NTU Во градот на мерните мес...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.