По завршувањето на зимската пауза,
екипите од Третата лига викендов ја продолжуваат сезоната со
натпреварите од деветтото коло. Охридските Колибри во дербито на колото
гостуваат кај Илинден во Скопје.


Покрај овој меч, лесни победи се
очекуваат за фаворитите Водно Санс Апаве, Феникс 2010 и Т-Баскет против
Бест, Крива Паланка и Црн Дрим.

Двојки:
Илинден – Колибри, Лирија 77 – Пробаскет, Црн Дрим – Т-Баскет, К.Соколи
2000 – Кичево, Крива Паланка – Феникс 2010, Водно Санс Апаве – Бест

Табела: Карпош Соколи 15, Водно Санс Апаве 14, Колибри 14, Илинден 13….

ohridnews