Дерби мечот од третета кошаркарска лига попладнево се игра во спортската сала “Атина Бојаџи“ каде второпласираниот Колибри го пречекува лидерот Соколи.

Ова е вистински теста за охриѓани кои во последните пет рунди забележаа исто толку победи. Соколи досега немаат пораз во лигата.

 Имаме тим, имама сили и знаеме како да ги “спуштиме“ соколите. Оптимисти сме и како и секогаш одиме на победа – велат од охридскиот табор.

Натпреварот започнува во 17 часот.

М.П.