Триумф во последната рунда од првиот круг од шампионатот за охридските Колибри кои со 71-58 го совладаа Бест. По откажувањето од понатамошните натпревари на тимот на Кичево, охриѓани со скор 6 победи и 4 порази се позицонираа на четвртата позиција.


На врвот на табелата се Соколи со скор 9-1, а единствениот пораз го претпреа од Колибри. На втората позиција со 18 бода е Водно Санс Апаве (8-2). Илинден, Колибри и Т-Баскет со 16 бода се на делба на третата позиција.

Резултати во првиот круг:
Феникс – Колибри 70- 64,
Т – Баскет – Колибри 60-69
Колибри – Лирија 92-75
Црн Дрим – Колибри 56-65
Колибри – Соколи 80-70
Крива Паланка  – Колибри 66-69
Колибри – Водно Санс Апаве 76-89
Илинден – Колибри 69-58
Пробаскет – Колибри 65-56
Колибри – Бест 71-58

  Вториот круг од лигата охриѓани го започнуваат на домашен терен против Феникс.

М.П.