Серија инциденти го одбележаа маратонскиот кошаркарски меч меѓу струшки Црн Дрим и охридскиот Колибри во петтата рунда од третата кошаркарска лига. Мечот кој поради нередите кои ги направија домашните навивачи “Паткари“ се оддолжи и траше неверојатни 4 и пол часа го добија охриѓани со 65-56.


Вжештената атомсфета кулиминирала во последниот период кога по еден дуел на центрите Кленкоски кај домаќините и Танаскоски кај гостите, настанала мешаница на теренот при што влетале играчите на двата тима, а ништо покусo не останала и публиката која ги нападнала гостинските кошаркари.
 

По овoј инцидент интервернирала полицијата која ја испразнала салата и по еден час пауза  мечот продолжил со преостаното време за игра 7 мин и 41 сек.

Згрозени сме од ова што се случуваше во Струга. Наместо кошарката во пред план беше вандализмот на навивачката група “Паткари“, кои оставија црна дамка на “езерското дерби“. Жално е да се гледа како тие хулигани уништуват едно дерби, и до каде оди агресијата и хулиганството кај нашата младина. Јас лично како тренер имав среќа на овој натпревар, еден камен директно беше фрлен кон мене, и за моја среќа ме промаши и заврши во коленото на мојот играч Танасоски – вели разочарана од случувањата,  тренерот на охриѓани Весна Балазоска.

Во тимот на Колибри светла точка беше новајлијата Павловски кој пристигна од МЗТ Скопје и со 18 поени беше најпрецизен. Нему му се приклучи и стандардниот Бојоски кој лавовски одигра во последната четвртина. Исто така на овој натпревар дебитираше Александар Наумоски, кој во солидна игра постигна 10 поени.

Црн Дрим – Колибри 56:65 (21:12 11:17 9:10 15:26)

Колибри:  Павловски 18, Бојовски16 , Наумоски 10, Ристески 4, Митрески 9, Танаскоски 2,Танески Љ. 2, Голабоски 2, Лихванчев 2.

Ohridnews