Со дерби пресметката меѓу Колибри и Водно Санс ќе биде спуштена завесата од есенскиот дел од сезоната во третата кошаркаска лига. Охриѓани во мечот влегуваат како благи фаворити, а таква улога ќе треба да ја потврдат и на паркетот.
– Денес не очекува најтешкиот натпревар во овој дел на првенството. “Дома“ играме против екипата на Водно Санс која ни е директер конкурент за зацврстување на лидерската позиција. Атмосферата во клубот е на високо ниво, и ние како и на секој натпревар така и на овај ќе дадеме се од
себе да победиме. Апелираме до сите љубители на кошарката да дојадат во спортската сала “Билјанини Извори“ и на на ова дерби ,да им дадато подршка на овие млади кошаркари кои ги бранат боите на градот – рече тренерот на охриѓани Весна Балазоска.
Охриѓани кои се во низа од шест победи на мечот со Водно Санс ќе бида лишени од услугите на капитенот Митрески кој се повреди на последниот меч во Крива Паланка.
Натпреварот започнува во 17 часот.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com