Кошаркарите на Колибри во 16-та рунда до третата кошаркаска лига, на домашен терен го пречекуваат Црн Дрим. Колибрите во “езерското“ дерби влегуваат од четвртата позиција додека струшките кошаркари со 16 бодови се наоѓаат на претпоследната позиција.

Во третата лига до крајот од шампионатат останува уште шест натпревари, и овој меч за охриѓани е од големо значење. Натпреварот е закажан во 15:45 часот.

Мх.П.