Голема победа извојуваа охридските колибри генерација 92-93 . Тие викендов се радуваа на победа во дербито на колото совладувајќи го Вардар 2000 како гости со 71-68.
Шазиман Туран со 22 поени го предводеше квартетот на кошаркари со двоцифрени поени. Танаскоски и Михајлоски постигнаа по 15 а Филчески 10 поени. По три урфлија капитенот Голабоски З. и Бојоски П.
Во наредно коло на домашен терен Колибри играат против екипата на Јуниор.











