Подмладениот тим на Колибри забележа победа 98-77 над Крива Паланка во 18 рунда од мечевите во третата кошаркарска лига.

Балазоска ги одмараше Митрески, Павловски и Ситнковски, а можноста одлично ја искористија кошаркарите од младинскиот состав.

Најпрецизен на мечот беше Наумовски со 16 поени,Здравески постигна 15,  по 13 уфрлија Танески и Христовски, Лихвинцев и Бојоски по 12, Ристески 7, Танаскоски 6, Шериф и Стојаноски 2.

Во наредното коло охриѓани гостуваат кај лидерот на табелата Водно Санс Апаве во Скопје.

М.П.