Охридските Колибири со 71-58 ја совлада екипата на Бест и ја прекинаа серијата порази. Одлучувачки во триумот беше последниот период во кој “колибрите“ ја направија одлучувачката предноста.


Гостите од Гевгелија одиграа подобро во првиот период кој го добија со 14-11, но тоа беше се` што направија на мечот во Охрид. Пресинг играта во вториот период им овозоможи “лесни“ поени и на полувремето домаќините заминаа со предност 31-27.


Израмнето се играше во третиот квартал, а подобрата игра во последните десет минути ја осигура победа за охриѓани.


Христовски со 22 поени беше најпрецизен на теренот. Двоцифрени мечот го завршија Бојовски 16 поени, Павловски 13. Во листата се запишаа уште и Симоникоски 2, Грујовски 2, Ристевски 4, Наумовски 3, Танаскоски 6 и капитенот Митревски 5.

М.П.