По трите порази во серија , охридските “колибри“ го загубија чекорот со водечките Соколи и Водно Санс Апаве зад кои заостануваат три , односно два бода.

Со скор 6 победи и 4 порази, охриѓани се на делба од третото до шестото место на третолигашката табела заедно со екипите на Илинден, Пробаскет и Т-Баскет,

Шансата да се искачат повисоко на табелата, ќе ја имаат викендов кога во Охрид гостува тимот на Бест од Гевгелија.

Резултати:
Т-Баскет –  К.Соколи 64-82, Лирија 77 – Црн Дрим 79-53, Кичево – Крива Паланка 60-53, Бест – Илинден 61-59 , Пробаскет – Колибри 65-56 , Феникс 2010 – Водно Санс Апаве 46-82 .

Табела: 1 Карпош Соколи 2000 (9
победи, 1 пораз), 2. Водно Санс Апаве (8-2), 3 Илинден (6-4), 4 Т-Баскет
(6-4), 5. Колибри (6-4) 6. Пробаскет (6-4) 7. Феникс 2010 (5-5), 8.
Лирија 77 (4-6), 9 Бест (4-6), 10. Крива Паланка (2-8), 11. Црн Дрим
(2-8), 12 Кичево (1-9)