Охридските Колибри во прекуредното коло од Третата кошаркарска лига в среда на домашен терен го пречекуваат тимот на Илинден.


Мечот против скопски Илинден е од исклучително значење за охридскиот тим кој со победа ќе се зацврсти на третата позиција која носи бараж меч за влез во втората лига.

Тренерот, Балазоска која не може да смета на “плејот“ Мартин Павловски, вели дека сите останати се подготвени да одговорат на предизвикот и да забележат победа која ќе им ја отвори вратата широко кон Втората лига.

Мечот се игра во 17 часот, во спортската сала “Билјанини Извори“.

М.П.