Количината патоген што зарази 55 милиони луѓе ја собира во една лажичка
17.11.20 11:00
Вкупниот волумен на патогени микроби кои заразија 55 милиони луѓе во светот, може да се собере во нешто повеќе од една лажичка за кафе. Ова, според пресметките на австралискиот математичар Мет Паркер.
Со други зборови, ако ги собереме сите микроорганизми на коронавирусот што заразија 55 милиони луѓе досега, ќе добиеме волумен од нешто над осум милилитри течност. Една кафена лажичка, за споредба, собира околу шест милилитри. Во чашка за ракија пак, собира околу 45 милилитри течност.
Целиот хаос што се случи во светот се сведува на „лажичка проблеми“. Честичките од коронавирусот се многу мали, тие се милион пати помали од човечката клетка, рече Паркер.
Тој, како соработник на научна емисија на Би Би Си, направи проценка на бројот на клетки во секое тело заразено со вирусот врз основа на мерењата со брисеви, односно податоците објавени во медицинското списание „Лансет“. Користејќи претпоставена дневна бројка од 300.000 нови случаи на заразени ширум светот и претпоставувајќи дека секоја личност е заразна 14 дена, тој пресмета колку луѓе во моментов во себе го имаат коронавирусот. Преку множење, се доаѓа до сознанието дека сите заразени заедно, во телото имаат 3,3 квадрилиони клетки заразени со коронавирус.
Од ноќеска на полноќ цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 3 денари, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 6 денари за литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика Согла...
Вокално-инструменталниот состав ВИС „Билјана“ ќе го одржи својот традиционален годишен концерт вечерва во предворјето на катедралната црква „Света Софија“ со почеток во 20:00 часот Ова година по пе...
На 06092026 во 15:15 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во периодот од 04 до 06092026 година, со употреба на алат и физичка сила, скршена е влезната врата во црквата „СвНикола“ во охридското село...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.