Натпреварите помеѓу Челси и Барселона во Лигата на Шампиони, секогаш биле тензични, со многу пресврти  и големи мајстории. На една таква мајсторија сведок беше легендарниот италијански судија Пјерлујџи Колина, кој голот на Роналдињо против “сините“ на Стемфрод Бриџ го оцени како најдобар гол на сите времиња во Лигата на шампиони.


– Ништо не може да импресионира после тој гол. Никој не очекуваше дека ќе шутне од таква позиција и така. Тој гол го шокираше целиот свет – потенцираше Колина и додаде, секаде сум ја делел правдата но ми остана една желба не исполнета, да судам на стадионот од Бока Јуниорс, “Ла Бомбонера“.


Италијанскиот судија во својата кариера еднаш бил “главен“ на финалето од Светското првенство, во 2002 година во Јапонија и Јужна Кореја. Во големото финале се сретнаа Бразил и Германија, “кариоките“ триумфираа со 2-0.

Мх.П.