Еден од најдобрите светски судии , сега контролор Пјерлуиџи Колина ќе биде супервизор на реванш мечот од полуфиналето од лигата на шампиони меѓу Барселона и Реал Мадрид.


Белгиецот Франк Де Блекере е делегиран за главен судија на мечот, а лани тој го водеше мечот меѓу Барселона и Интер кој заврши со победа од 1-0 на шпанците. Но тимот на Мурињо обезбеди пласман во големото финале.

Колина во 2002 година
го судеше последниот дуел од полуфиналето во Лигата на шампионите меѓу
шпанските ривали. На мечот немаше победник заврши со 1 – 1 а кралскиот
клуб од Мадрид отпатува во финалето.

Ohridnews