Браво мори Марто, алал да ти е, ваква навреда никој ни немат манато ко ти, а најмалку очеквевме од тебе како комесарка за проширување. Абре како само тавче – гравче, полнетите пиперки и пинџурот дека е нашиот идентитет?

Еми кај ни е тука старомакедонската мусака? Еми кај ни е таскебабот, суфлакиот. Без суфлаки Гоце Делчев не тргвел в градинка. Прво то мајка му му давала па го пуштала в градинка. Ко ќе се врател го пречеквела со баклава. Некогаш со македонска традиционална, а пак друг пат со македонска традиционална. З`ш не оту некој друг праел баклава на балканов. Не така?

Мислам јас ова го примив како навреда и во знак на протест цела недела јадев само јадења спремени од исконски македонски рецепти. А вервам и целиот македонски народ. Еден ден јадев таратур позолен со оригано, другиот ден апнав сарма со цаѕики по рецепта од баба ми шо и го пренесла баба ѝ, па сум ти р`снал на макарони со белчишки бешамел……ар шо да ти кажам.

Па така се бранит македонскиот идентитет. Прво со храната. Е сега ваљда не ми се земат за грев, шо сакав да каснам тро странско и каснав словенски Ајвар. Абре многу убо ти го праеле пусти словенци. Јадам а во позадина ојт песната шо најмногу ме инспирирвит за бранење на нашиот идентитет: “ќе се турчам мајко ќе се прчам, ќе заминам за Осман бегот“… па ко ќе дојт онај дел “со кајчетоооооо по охридскооооо“… абе ми идет све да искршам за Северна Македонија. Наша. Романтика. Кизнајт како им имат бидено. Незнам. Јас в кајче до сега немам онадено.

Ама никако на Марта да и простам. Јас не сакам да ја навредам ама би ја прашал: Марто ти си комесар за проширување или? Не знам. Само знам дека ако сакат чоек да се самоубиет немој ни да помислит. Немој такви глупости да ти го м`тет умот. Нерви ќе искиниш. Прво требит да думаш со кое оружје, пушка, пиштол, тегнало……па пукнало не пукнало се заглавило. Па после кај да пукаш. В нос, в гуша, в мишка… Ак скоакш од зграда кој спрат? Шести, седми кој е доволен. Па во паѓање мојт да се најдит некоја жица за пљачки да те спасит уште толку да се нервираш па ќе се скрениш. Па после ој по психијатри, па мој термин, твој термин, на одмор докторот, да попиздиш. Зато брате ак имаш таква намера помини си на пешачки ќе те збришит некој со мотор или со кола со 160 и око ич да не ти клепвит. Ко нему з`ш закон не ги фаќат нив. Та лезет да му видиш, та Господ како чоек да те земит.

Абе не се сите за да се жалиш. Бар според мене јас би го пофалил Стојанче Ангелов. Од ко ги среди сите шахти низ државава судбината му даде шанса пак да си прајт рилчиња. Дан го заборајме. А го фалам за иницијативата да вработит 400 мажи арслани да ги ангажират за пожариве, чуј пожари шо пак почнаа со воведење на забраната за движење.

Тој рече сите млади кои се осеќет силни и сакет предизвици нека се пријавет. Еј предизвици. Санким ова е летање со параглајдер, скијање на вода или скокање од Канео, а не животоопасна професија. Овие 400 ќе имале можност за стално вработување во новата единица која ќе се викала “Специјална единица за заштита и спасување“. Е овие прво ќе поминиле опсежни обуки и јака селекција и сето то ко ќе завршит ко ќе му писнет на пожарот во декември пепел ќе го сторет. Ам кај беше досега бре Џенерале. Јас зум за то да се напрајт цртан филм ко со пожарникарот Сем. Пожарникарот Стој.

А во територијалните ТППЕ-а нека си останит старата пракса. Нека се вработвет луѓе со 160 кила, со 55-60 години, со лумбоишијалгии, дикскусхернии и патии и пред пензија. И во секоја ТППЕ да имат бар 50 вработени од кои 20 се способни за гасење на пожари. З`ш пак да не.

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите