А бре не знам шо ЕУ си играт играчки со нас. Шон не примит одма кај нив да сме членој и то врвни. ВИП. Еве од ко не примија во НАТО светов цутит. Ко кокиче. Па се плашат бре од нас сите. И Кина и Авганистан, Таџикистан и Ташакстан….море…чим се плашит Северна Кореја шо остана за другите. Па ние придонесуваме во глобална и регионална безбедност ти се молам.
Ко се приклучивме во Авганистан исаф немавме шо им прајме на Авганистанците во мисијата ИСАФ на НАТО. Трите кувари шо ги пративме со кутлачи мама им плакаа на авганистанците. Ами во Косово ко бевме во мировна мисија гла не кренаа одметниците од нашите неколку чистачи на топој. Маст ги праеа нашиве цефките та до милиметар натoвциве погодвеа цели. Ам како. Абе светов немојт без нас. Хаос ќе бидит, све папазјанија ќе се сторит. Туршија.
Еве сега ЕУ едвај не измоли ама ај да им помогниме се приклучивме на иницијатавата нивна за формирање суд кој ќе ги гонит високите руски функционери за војната против Украина. Дур не се вклучивме ние и така и така, ама Путин ко разбра дека се вклучивме бербат се напрај в гашчи. З`ш јас, претпоставувам, незнам, ама логички е дека ние ќе сме тие кој следно шо ќе напрајме ќе го уапсиме Путина. Мојте извори блиски до Биљана кажвет дека Владимир Владимирович од ко разбра дека ние се вклучивме незнајт кај му е глата.
Кренал притисок, го фатила жолчката, го гребит грлото, простата му е за нигде, неколку хемороиди му пукнале, го фатил пролиф…..абе шо да ти кажвам. Му предложиле да го скријат в гепек и да го однесат Кина или Северна Кореја, ама одбил з`ш знајт дека во то сме експерти. Друго….ко шо разбрав, од Трајана кондураџијана, Кина и Северна Кореја му одбиле да го примет плашејќи се од македонските специјалци и не сакет да влезет во конфликт, најмалку воен, со Македонија. З`ш ако дојт до то ко ќе им влезиме со пацки, со тегнала од поголемине за со камења, со пиралкине за ајвара мешање….удри, удри…не ќе знает кај се. Нефесот ќе им го зејме.
Како скандинавци никој не смејт да си играт со нас. Како шо Државниот обвинител Љупчо Коцески скандинавски кажа дека истрагата за Кочани ќе завршела во втората полојна на месец јуни и ќе се знаело кој ќе е обвинет. Ама како е тргната работава јас мислам дека ќе фатит и трета полојна на јуни.
Трагедијата се случи 16 – ти март. Еве за некој ден ќе е точно 2 месеци, Љупчо додават уште еден три станвет. Е по хитно од то немојт. Три месеци за испрашвење е скандинавски. Приведени се многу луѓе и дур ги прашаш сите име презиме, татково име, број на кондури, алергичен на нешто, јајт не јајт глутен, кај се шишат, па бриз од под никти да земат…..ехеееехееее. Да не бевме скандинавци господ знајт колку време ќе го праевме сето ова.
А првиов скандинавец во Македонија, Мицале, им рече на родителите слободно нека го поканет тој ќе ја летнел во Кочани да се сретнит со нив. Овие два месеци неможел да појдит з`ш беше во Данска, Норвешка и Шведска да им држит предавање како се сузбиват корупција, како требит да се справиш со дивоградби, како од магацин за теписи се пренаменвит шупа во диско.
Во обраќањето им кажа и многу други работи кои ќе им донесат благодети во посетените држави да бидат како нас богата, стабилна, економски сагламирана држава за да станат скандинвци ко нас.
Извини само за момент да прашам: женооооо….шо напрај денес за ручек? Сурстрем од харинга или лутефикс со сушен лосос? Или пак набрзина ќе касниме по еден сморгус.
ЏИМИ
Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите