Пту бре како забораја да клает појќе шибери ко го реновираа водоводов во Охрид. И то сега во 1918 година го реновираа. Не е да речиш пред векој ко немало инженери ова она паметни луѓе. Ај ај на другите не им текна ама не можам да сфатам како на Тито не му не текна. Посебно шо тогаш беше бравар. Занатлија. Додуша не беше уште Тито, ни маршал, и не викаше “друже једи бандаже, гуме остави за рањенике“ ама во секој случај ваљда имаше некој другар водоводџија.
Вака цел Охрид истовремено остана без вода з`ш еден таков шибер е во градов. Се смрдевме. Да не мојш и кај комшивката да појш да се истушираш. Додуша преку некој доушници разбрав дека од Водовод барале бар уште еден шибер да земат, да не сме само со еден, ама немало тендер за вториот шибер. З`ш сега во Европска, Независна Самостална Република Северна Македонија ( НСРСМ) све си е под конец.
Дури јас би ги советувал ко ќе се отворит тендер нека отворет заедно со Нискоградба за да се набавит некоја цевка и капак за шахти. Да не му го земет онај на Стојанчета. Нек имат појќе. З`ш логички е да се напрајт то. Еве јас во малана моја ко се вселив бевме четири згради сега десет. Е не е исто производство на фекалии од 100 газој да го зголемиш на 1000 газој, а канализација со ист капацитет. Не така?
Абе за све требит памет. Е сега неморат да ти се претурвит па да мислиме дека мозок се преливат, ама ич малку ич малку колку да си е таман. Таман ко на директорот од Основното училиште “Ѓоргија Пулески“ од Скопје. После десетици пријави од мајката на дете со посебни потреби дека детето е психички, вербално и физички малтретирано, директорот и рекол дека детето морат да се навикнит на предизвици, а не само да плачит.
Е шо значит то? Прво детето да ојт на карате, а не е лошо да станит и сумо борач да мојт да имат одговор на предизвикалните активности на другите деца. После, имат ловечки прибор, разни орудија. Опремено да си ојт нашколо. Да се навикнит на предизвици.
А правдата секого ќе го стигнит. Еве поголема правда од то сега со пресудите за модуларната болница шо изгоре немат. Нигде немојш да најш. Со борина да ја бараш бадијала ти е. Флоријан Бесими и Артан Етеми, екс директорите, се казнети по една и пол години, а починаа 14 луѓе. Исто колку оној со магдоносот шо не даваше фискална на пазар. А пак полначот од телефон е казнет 10 години. Е па шо кој онакво се запалвиш да ти се сневидит во полначот.
Ти не си за да се палиш и цела болница да изгориш со си 14 луѓе туку да полниш мобилен. Како ам. Ете се најдоја кривците. Немат шо потреба да се проширвит истрага на то каква инсталација е клаена, дали се клаени материјали на ѕидој како шо требит, кој потпишал така све то да бидит и.т.н. Зато на јајте многу бурек за судството во НСРСМ дека се потребни промени. З`ш и Љубчо во `98-ма велеше дека ако дојт на власт ќе имат големи промени, ама тој ги промена само тренерките.
ЏИМИ
Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите