Абе Господ здравје да ѝ дајт на пустото Урсе Лајен. Абе женава ме просветли, ми отвори видиците и ме напрај среќен. Јасно и гласно кажа дека сум Mакедонец и дека зборвам на македонски јазик. Ауууу како ѝ текна бре? Јас пак мислев дека сум гремлин и дека лаам. Не дека зборвам, пак уште македонски, туку дека лаам.

Да ти се плукнам на сексуалниот чин. Шо ќе ми е та будалија. Прај некој глупи пози, мачи се , треси се, пак после цигарето в уста и на партнерката: убо ми ти беше? Страшна работа. Вака после говорот на Урсето имав таков оргазам шо дури и сеизмолозите го ресгистрираа. Три дена без леб останав. Не можев да одам на продавница. Нoѕе ми се тресеа. На чист македонски, јавно, јасно и гласно и викам БЛАГОДАРЯ ВИ Г-ЖО УРСУЛА.

Успеавме луѓе. Изгазивме тежок пат, по трње боси, з`ш сиромашни немаме ни за опинци, арно ама боси боси почнавме да чекориме по „европейския път“. И едно сакам да ви е јасно. Не само на вас еми на цела Европа. Ќе влезам во ЕУ ама со македонскиот јазик, македонската држава не ја давам здушно ќе се борам.

Ако требит со бански колбас в гла непријателот ќе го урнисвам. Со пулнена чушка в рака сам јас ќе јавам пред колоната и очите ќе им ги наденвам на непријателите. А во позадина пичит: „чакааам те да дојдееееш, чакам те сас бујнааааа страст“….

Како ам. И овде не смејме да ги заборајме и јунаците, македонските комити од ново време кои храбро ни го онадвеа чекорот до ваков успех. И ако за мирот и соживотот беше задолжен комндантавет Али Мети, за влезот во НАТО луцидниот Зајко, за ова последното требит темане да му напрајме и едно големо аферим на бестрашниот ни Мицале. Јас одавна велев дека СДС требит него да го клајт премиер.

Ваква финта Г6 јас нема видено од времето на Јуда. Чоекот деној го палеше народот, додаде гас и ги пушти како кајче со згасната пента по инерција да се движат само без него пред колоната. А тој мораше да се спремит, за историски и храбро да ја пикнит опашката в гас и да излезит од парламент на чело со косодолгиот Самсон и да не гласат.

Браво Мице. Имаше прилика, како шо јаш гурабии секој ден дека си јак опозиционер, имаше прилика да станиш втор Тито и да речиш НЕ, ама ете трите наречници ти дале да бидиш брзата птица итрица. Ова итрица не го засложвиш , ама ај….И кога си замина сфатив шо значит то НЕ на маичките. Всушност да излезеше со шаторско крило ќе мојше да отпечатиш ко шо требит : “НЕмат да гласам против“. Како и да е и ти храбро јаваше пред својата колона само тебе во позадина ти ја пуштија : „лажиииии, лажиииии Верееееее“……..

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.