Слушај сега вака. Немој негде да сте кикснале. Ко шо вежбавме 6 месеци исто така да се спроведит, да не си играме со нашиот углед, просперитет и евроинтеграција. Значи по цела должина да имат балони, мажоретки од сите споредни улици да влезат на твој знак. Од кај кружноно од кај пазарон да влезит дувачкиот оркестар, а од Железничка Македонска филхармонија и во исто време да ја р`снат: “….Јана је улицааааа асфалтираааалаааааа….“. Вауу… ми се накожи ежава.

И ко ќе се сретнат на средина сите во еден глас: АБАС ЕМИН, АБАС ЕМИН…..да грмит брате. Во тој момент да поминит горе авиончето со платното: “Абас Емин доби прв, а ќе добиет и втор“. Е тогаш тргвит изведувачот на овај проект, “Абас Емин – АВТОПАТ“, полека чекорит со екипата в долж цела улица. Не не…лента не се сечит.То ко ќе се крајт вториот слој.

Спор чекор, како Лепицанер, кренат во глата, а сите жители на улицата покрај во шпалир како дедо Тито шо го чекавме, да фрлет љубилици на него и почват со скандирање: ДОБИВМЕ ПРВ – САКАМЕ И ВТОР, ДОБИВМЕ ПРВ-САКАМЕ И ВТОР. А ќе виш шо ќе напрајме ко ќе се клајт и вториот слој на асфалтот. Аууууу….тој успех ќе го прославиме џам. Имам сценарио ко за отварање на олимпијада. Јасно сега?

Само една работа пази. Молим те сите реквизити ова она да се чувет з`ш другиот викенд пичиме со прослава за автопатот Мите Богоевски, делница пресек со Димитар Влахов, паркинг Собрание. Е ау де ау…..не се зезаме бре брате. И овие 123 метри се стакло. Јас ко ќе си идам дома влегвам на улицава со 90 км на час, 150 до пресекон к`ј собрание, со дрифтање в лево, со 100, и до дома пак за 50 метри до 120. И плус убајна со кола да возиш слалом меѓу шахтине. Алоо кај го имат овај успех.

Е ова е успех. Ти за нецели 9 и пол месеци да асфалтираш па некадеее, како му идат, 579 метри мислам, не е заебанција. И замисли не сакаа да се фалет. Жими шахтине не сакаа. Едвај ги натерав.

Е овие се круцијални потези за евроинтеграција. Да му се прднам на бугарине та не признале та не. Ам така де. Со асфалтиве јас се распичвам од радвење не со ЕУ. И реално бе з`ш да ми е мака шо ни се посраа бугарите на глата. Да не блокират држава како Белгија, Данска, Холандија и други банана држави да ми е мака.

А вака те блокират држава која ја имат средено борбата со корупција, средено судство, а ни О немат од огранизиран криминал, немат шо да ти е мака. Не така? И зато требит сега све тактички баш онака како шо прајт Зајко со оваа велесила. Коректно како тие со нас така ние со нив. На секоја средба да си носиме вазелин. Немој да ти текнало да им речиш тие да купват, а ние го користиме.

Сите потези до сега од нас се џам. Армиран. Како ам. Па ко можеше на суд за 27 – ми април да ги амнестират Трајко и Миле дека биле изманипулирани од Зоне и дека Зоне е крив, з`ш да немојт да речит Цар Борис дека бил заведен од бруда Хитлер. Не така? Ам како.

Зато бар ние брат не требит да си дозволиме да бидиме заведено туку трезвено да одлучвиме. Еве …пример јас….никојо немојт да ме заведит дека све она шо го прајт сега Мицале е ради политички поени. Немат шанса. Никој немојт да ме убедит дека Аце од Велгошти е политичку мегаломан, дека она шо сега го зборвит не е вистина и покрај то шо ОН ко посраа ради лаги. Од причина шо ОН се зли језици и го мрзат велгоштанецов.

На крај на краиштата све шо праеа другарите на Зоне Гулашарска беше за наше арно цели 11 години, а нас кој ни е крив шо не можеве да осетиме дека е така. Ако не друго можевме да речиме: Директори ми го кладовте? Да? Оооо калкав ви еееее. Или извините директоре шо Ви сум свртен со плештиве. Ам сеа…

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите