Браво бе Азире. Ти си бил министер и пол. Уште малку два. Секој петок имаме средба со закажвање кај министерот за здравство. Првите 15 термини биле веќе зафатени. Како тргна изгледа секо петок урда ќе јајме. Кој 15 термини бре Азире. Велиш дека твоето министерство е отворено за граѓаните и тие можат тет а тет, илити сурат в сурат, да кажет шо имет за нашево здравство.

Море министре…..не ни фрлај песок в очи. Секој ден да го крстиш петок и по 1500 термини да имаш малку е за да ги дослушаш јадојте на народов. Само Азирче….мислам дека ја ф`тна тактиката. Требит прво да ги примиш докторите да ти кажет во какви услови работет. Или уште поубо да појш сам да видиш во какви потпрдалници прает операции.

Мој предлог ти е да појш прво во струшка хирургија. Со 5 болнички соби колку операции дневно прает. Е тогаш ќе ти станит јасно народот ко ќе ти кажит колку свои изгубиле ради лоши услови, ненаврмени реакции, немање опрема или е стара, з`ш ги изгубиле. Биди малку проницлив, снаодлив па 50 години имаш мајку му.

Ко мојше едно 11 годишно дете да финансират градење зграда од милион евра јас незнам како тебе не ти теквит. А на 12 години, ко потпркнало, побарало да ја легализират каде во барањето рекло дека е изградена 2010 година. Мило детенце. Сите другарчина дур цртале мачиња, слончиња, малиов праел проекти за згради со си статика и све шо требит. Незнам з`ш вие чудно како 11 годишно дете собрало милион еври. Еми плаќајте вие престој со си храна во градинка, па ко ќе ви тргнит детето нашколо давајте им пари за оброк и стап ќе имате.

Малиов дур бил градинка наместо да дават по 1500 еври за една зденка и кругче саламче си носел од дома сарма во тенџере. Ко почнал на школо не земвел 2000 евра за два гевреци, си носел од дома чомлек во канче војничко шо му го имал даено дедо му од ЈНА. Како ам не ќе купвет нови садој. И ради то шо било ептем домаќинче Висар Ганиу одма, хитно, ја легализирал зградата. Е така. Ојте вие Грција давајте пари за море и сиртаки, малиов од ко го знам јас се капит во Треска, а за викенд Пчиња.

Море луѓе све така се решават брзо и ефикасно. Со све шо ќе се соочит нашата НСРСМ џанг хитно ги решават. И Тачо во времето (ар кај е тој?) и сега Мицале. Е една работа ни е запната и тешко ојт да му се плукнам во судбината. Со Бугариве не ни ојт. Ете од ко побараа да ги внесиме во уставов некако ни закочи ефикасноста. Пред нив оние од една Пораншна Турска Република) ме напраја Северен. Македонец ама северен. Пискавме скокавме ташаците си ги гризевме и ете. Тие сме. Такви сме.

Е сега Бугарија пред Европскиот комитет поднесе предлог пред македонскиот јазик да се клајт “модерен“. Демек потеквит од кај тутиве ама ние сме го модернизирале и сега барет јазикот да ни се викат “модерен македонски јазик“ кој го зборват луѓе со “модерен македонски идентитет“ во Република Северна Македонија.

По ова испадвит дека Бугарчета прает све само некако да се дистанцирет од нас и сите, според нив, сличности некако да ги снемат или модернизирет. Јас не вервам дека ќе имет уште многу барања до ЕК на ЕУ з`ш велет дека силно не подржвет за влез во ЕУ. Можда, ама не вервам, да побарет некој ситници како на пример: да се бричиме под мишка да немаме муф ко нив, да ја изрепаме со турпија едната петица, ко ќе влегвиме на граница да не провервет дал левото маде ни е скинато…..и така.

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите