Најголем број луге, како што пишува Вилијам Елис, живеат и ги слават новогодишните празници (без разлика дали се работи за Нова или Стара нова година или Василица – разликата е само во примената на два различни црковни календари), потполно убедени дека се работи за христијански обичај. Дали 1  или 14 Јануар претставува прав почеток на Новата година? Во суштина се работи за нешто сосема друго.

Прославата на Нова година е една од најстарите и најуниверзални пагански традиции! Скоро да нема истражувач, историчар или  антрополог кој нема да потврди дека овој обичај фактички не се менува скоро 4000 (четири илјади) години или како што тврди Теодор Гастер “Скоро и да не постои народ во минатото или сегашноста, домороден или цивилизиран, кој што во овој или оној облик не ја слави Нова година” при што “…нема празник во светот со толку многу различни датуми на кои се прославува, нити со наизглед толку многу различни обичаи”.

Кога и како настанала новогодишната ноќ? Кој го започнал тој обичај? “Месопотамија – Мајка на Цивилизацијата”, пишува Ерл Каунт. “Божик се прославувал во Месопотамија пред повеќе од четири илјади години во вид на фестивал посветен на обновување на светот и уште една година. Дванаесетте божиќни денови, огнови, бадникови дрва, давање на поклони, карневали, пантомимичари кои од куќа во куќа пеат и ги изведуваат своите маскаради…сето ова се родило во Месопотамија…Тие пагани го прославуваа и доаѓањето на Нова година” (4000 години Божик” стр. 20-21)

Според овие автори, прославата на Нова година  започнала во стариот Вавилон, во областа на некогашната Месопотамија. Овој пагански обичај произлегува од древниот култ на сонцето и датира 2000 години пред раѓањето на Христос. Истражувачите на Библијата тврдат дека таа никаде не заповеда прослава на новогодишната ноќ, а уште Мојсие ги забранил таквите прослави.

Новогодишните прослави кои потекнуваат од Вавилон, својот пат го нашле и до обичаите на стара Грција, а потоа и до Рим. Овој празник Римјаните го викале “Сатурналија” (по богот Сатурн) и бил популарен до крајни граници. Тие ноќи лугето банчеле и во настапот на пијанство оргијале, со што прославата достигнувала кулминација. Календарскиот ден на кој што паѓал првиот ден на Сатурналиите, во текот на римската историја се поместувал во зависност од актуелните состојби на империјата. Тој започнувал некаде кон средината на Декември и траел се до први Јануари. Во средината на овој празник паѓал 25 Декември по римскиот календар, кога сонцето ја достигнувало својата најниска точка. Јулие Цезар еден од императорите на паганскиот Рим, конечно го воспоставува први јануар како ден на новогодишното славење.

Во 46 година пред Христос, Цезар го прифаќа јулијанскиот календар и ги пренесува овие развратни обичаи од римската сатурналија, на првиот ден од јануари.
Како овој сосема пагански ден воопшто успеал да се вовлече во нашиот современ “христијански” календар?. Одговорот на ова прашање може да се најде во црковната историја. Во периодот кога царот Константин – некаде околу 375 година од нашата ера, го наметнува Христијанството како официјална вера во римскиот свет, во христијанскиот календар влегува и овој ден. “…во тој период на воведување на христијанството…” пишува Ерл Каунт, “…црковните оци на свој голем ужас, увиделе дека се соочуваат со безброј пагански обичаи кај населението. Навиката кај лугето да ја прославуваат Сатурналија била толку јака што не можеле да се ослободат од неа. Во почетокот црквата го забранувала тој празник, меѓутоа се било залудно. Црковните оци биле приморани да направат компромиси…”.

Денешната компромитација: По повод и за време на новогодишните слави ние денес се тркаламе во литри алкохол при што “современиот став”  е изразен во смисла – убаво помини си за Нова година и сврти нова страница во својот живот!. Новогодишните обеќавања се толку испразни и без било какво значење што многу повеќе се даваат во шала. Многу малку луѓе ќе превземат некои далекусежни промени во својот живот после новогодишната ноќ. Повеќето од нив се убедени дека Господ засекогаш се повлекол од сцената на новогодишните прослави и дека воопшто нема што да се грижи околу модерните баханалии, пијани журки и новогодишен промискуитет.

Во следното продолжение:
– Зошто  Господ ја означува Нова година како “паганизам”!
– Нова година и грчкиот бог на виното,
– Кога Господ ја започнува Новата година?

Горан Мицкоски
(
авторот е публицист)