“Фала, на мајка ми шо ме роди и убо ме воспита, шо ме земаше кај неа на работа да јадам кајгана недопечена со густи сок од јагода, тато  шо не ме тепаше многу  како мал а и ко ќе ме тепаше не маваше по гла, ами по по газ, шо опасачот со кој маваше не го виткаше вудве, шо имаше разбирање за нас сите ко ќе одевме од сабајле вклозет, шо не се задржвеше појке од 29 минути па така јас каснев само првиот час од сабајле ко ќе бев нашкола. Големо, големо фала на бато мој шо не се љутеше ко ќе го пратев да видит дали сум пред зграда и ако не сум да ме чекат дур дојдам а за то време јас ке си го фукнев и неговиот бурек, море фала и на дедо Коле шо ме маваше со сува гранка, не со сура, ко ќе  се помочав во подрумине во ќошон, абре фала и на тетка Вера шо не ме потурвеше со ладна вода ко ќе пукав петарди под фустан на бабине шо врвеа пред зграда, море, море фала на тој туристот шо ми истера само еден заб и то 4-ка лево горе ко му остајв лајно од куче пред врад пред …..„

Вака ке јадев трици ако освоев оскар, арно ама требит да се протресит нешто како завршно на колумните во 2007 година за www.ohridnews.com  ама не оти знам дал ме бидвит? З,ш јас шо и да пишам не оту мислам, само типкам на ова пред мене она шо ми идат. Арно ама како и да е морам да речам на некого фала шо заедно со ова њеб страна на која Момирон начело јаваше сам пред својата ….не бре ова за Тито беше…..Шо го напрај ова шо го имат напраено па да се афирмираме како колумнисти дури и преку бара, фала и  за Главинчета шо сево го прајт лично ( дај бре чоек мени ми ја сликана –аман веќе )….Арно ама…

Најмногу фала на нашата релност , ваква каква шо е, а е никаква за жал, зашо само ваква мојт да ни дајт инспирација и подлога да јас, Ирена( не брбнавме ич на роденденот ), Спаско ( за 8-ми март ке ти купам дикел од новине), Горан ( Стари ратни друже, џам си..) , мојата ценета професорка Главинчева ( мореееее,  најлесна 5-ка добив кај Вас), генерацијата ми Нина ( Нина пиши појке дан те скршам), лепотанот Симче ( Не прај пак грешка…спавачата ако требит носија в новчаник), доаенот полотиколог  г-дин Манески ( побарајте ме за кафе ми имате ветено прет 100 години ) …… напишиме нешто шо не го имаме измислено ами она шо го гледаме и слушаме го акниме на парче лист и го искажиме преку наша призма. Да се разбериме…ние колумнистиве не оти измислуваме топла вода….туку сме сватиле како да ги користиме двене рачки од славинана со црвена и сина боја. Кога да е млака, кога да е жешка , кога пожешка…..

Ме прашале: До кога со колумна?  Еми дур имат инспиратори или ти зевзеци ( така нагалено си ги викам јас ) како Труфуна Костоски, безрбетници како Латаса, празноглави политичари како нашиве, менталитет никаков како нашиов , ресторани шо ми служат живи колбаси, келнери со црно под ноктите и коломаст во ушите, машки жени како Бојан 13 – ка со стреч затегнат на меон како вреќа полна со фекалии, дур…..абре шо значит секогаш: заради менталитетот, простотилакот, нарцисоидноста, безобразлукот, некултурата……со еден збор се она ши си го имаме и ќе си го имаме во нашава самостална( како да не…и Либиска Џамахирија ни кажвит шо да прајме), независна ( ако го тргнам Али А.мети – можит ќе е така ), суверена( шо да ти кажам ) меѓународно призната ( само незнам каков македонец ќе сум: северен, јужен, севрезопаден, југоисточнозападносеверистички…не оти знам ), економски стабилна ( на пензионерине економски поисплатливо име е да  умрат отколку да се лечат з,ш лек ни за лек ни со пари а не со без пари)…

А да не заборам..Најголемо ФАЛА, за сите оние шо ме читет, специал  за оние шо ми пишат од дијаспората ( мада и вас ве акнав еднаш во „Хелоу казан“ ), за безрезервната подршка шо ми ја давет сите читатели тру дхе е-маил  а и за оние кои низ очи вочи в директ ме коментирет. Ама фала и на  оние шо на мејл ми пишат дека сум : вол политички обоен, селјак, неписмен, надуен, инвалид….дури еден ми пиша дека сум – цитирам:“… пијан педер кој не го знајт литературниот македонски јазик….а за она шо го пишиш за Бојан да даде господ баш тој Бојан да ти го….“ е овде неми теквит шо ми напиша, знам само ко прочитав ме здоболе вкичма…неможам да се сетам з.ш….Сепак и натаму мојот маил ке е достапен и за првите и за вторите. Зашо и без тие шо ме фалет и без тие шо ме плукет неможам, з.ш ке требит јас да пишам а бабами ќе ми ги читат колкумните дур се депилират на препони. Мене и едните ми се драги и другите. И мили. Најмногу Бојан. Ми е мил.

Како и да е во Новата 2008 година не чекет уше многу предизвици(зевзеци вие сте тука да траскате зелени ние да пишиме она шо мислиме) па да доживејме 100 годишница на ова веб страна со нови колеги ама и ние да сме таму ( ова ко му го реков на Момирон на роденденот од радост се оџвргали како Андов на прес, ко недоветен ), а на сите, пред се  посетители на странава, екипата која сето ова го прајт, на сите луге на светот во Новата 2008 есен ( з,ш пак само лето сме се научиле ) им посакувам пред се ЗДРАВЈЕ и ГОСПОД на сите  да ни дајт:

СИЛА – да го издржиме она што не можиме да го промениме
ПАМЕТ – да го промениме она што можеме   и
РАЗУМ – да направиме разлика помеѓу едното и другото.

Бидете ми здрави и живи сите!
ЏИМИ

[email protected]