ОООООО Висар. ОООООО Висареееееееееееееееее. Ар излези јави ѝ се на Данела. Секој ден те барат и те молит да се видите. Па вака ко тебе шо те барат не ја имат барано првата љубов. А сега та сигурно е изгорена по тебе. Виш Висаре како и нагалено те викат Вики. Ко малтезерче да ѝ си. А малтезерче немојт чоек да не го сакат.
Па вакви сцени јас неам гледано нити во “Ромео и Јулија“ нити во “Сјај у трави“ дури ни во “Касандра“. Она шо ти зборвит за дивоградбине то и е само причина само и само да доприт до тебе. Море Висаре… пту пту скраја да е дан си неарен нешто. Алооо. Немој така да прајш свашта да помислит народов. Пак си бегал уште во паркот со трчање.
Ам немој така мојш да се лизниш на некое кучешко гомце и кичмана да го скршиш, а ак немаш брат? Не прај така. Ти несмејш да се лизниш з`ш си на власт. За тие шо се власт заебано е да се лизнат. Ак не вервиш ете прашај ги тие од ДУИ.
Бар еднуш излези со Данелче, ќе и поклониш букет од зеленика, ти одговарат, однесија на бурек попрајте си муабет и шо е господ никој не е. Можда ќе се изродит нешто. А не ти ѓубре и носиш и то на вечер да немојт да го видит убо. Срам да ти е. А те сметав за маж, мажиште, крупно, ко за на јасли. Ама ете ти остана без јасли.
Ете за пример Стојанче одма се појави. И то како нов директор. А ти градоначалник. Стојанче заврши работа во ЦУК, ја среди организацијата за да бидит поефикасна со управување на кризите во НСРСМ и оп сега ќе ја средит ДЗС. И одма почна со средвење. Прво шо кажа е дека ниту еден авион за гасење во моментов не е за користиње. Трите биле на сервис, ама брзо ќе биле средени.
И после, не дај Боже, скраја да е, ако имат пожар ко ќе писнат ко секогаш трите наеднаш ни пожар ни бутур ќе се видит. Само не знам дал на сервисов ќе ги напрает со далечински управувачи и допрва ќе се барет пилоти. А то мојт да ојт на тендер и до година да ги примиме. Важно авиониве спремни. Картава е во мене. Кој го дупит автобусон.
Само незнам дал Генералов знајт дека ДЗС по градој луѓе немат. По двајца тројца се вработени. Оние шо ги ангажирет на база на дневница не го ни гледет пожарот идат се враќет и пари фаќет. Ама паметен е Стојанче. Во негов стил изигра. Кажа ЦУК е за нигде и си ојде. Ќе видиме овде шо ќе бидит. Само имат една народна велит: од кол на кол… ај да не пишам.
Туку новинариве незнам з`ш барет цензура на одлуката на вицепремиерот Меџити за да го предложит Азир Алиу кој е информатичар за министер за здравство. Море новинари ако се фаќате фатете се онаму кај шо држит место. Чоекот вистина е информатичар ама е доктор по информатички науки. Доктор.
Ко мојт да лечит хардвер и софтвер проблем ќе му е да носит одлуки за лечење на луѓе? Свашта. Од друга страна Македонија е процветана токму ради то шо ретко кој е министер на својата област. То е финтата. Збунити непријатеља и напасти га сплеште. Абе види. Нас министертсвото за здравство ни цутеше и со Брус Ли, онај каратистон, а не пак со информатичар. Не така?
ЏИМИ
Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите