Е значит како ми се напрај ќејфот значит. Празник на душава ми беше. И не само на душава ами празник на цела фамилија ни беше, на куќата. Знајш дека ќе размислам и тој ден слава ќе го напрам. Ама да не брзам. Да размислам малку. Не се брзат. Зш како велет: брза кучка, така ќе си сркат….не…брза кучка, сирењето за пари….не…..брат брата не жали, ама слепи кучиња раѓа. Вака ќе да беше. Незнам можда грешам ама од возбуда сум конфузен ко Хорхе на прес. Знам само дека ќе предложам уште еден ден во многуте да се клајт да е државен празник: “Денот на интервјуто на Аметија“. Да бе. Тој ден да е неработен и сите да се шетаме со кечиња на глат а. А? Убајна. И ова. Обавезно да имат тој ден на секој ќош панаѓури. И така секој ден во НСРМ не снајџвет панаѓури бар да ги озваничиме. Не така?

 Как да е. Го дочекав тој ден. Седнавме дома сите со кечиња, едно големо црвено знаме кладовме низ цела куќа, еден црн орел да не вребат ко за клукање  и уклучивме Канал 5. Ееееееејјјј каква чест. Шок Али Амети се одоброволи после толку години да седнит онака домаќинско интрвју да дајт на македонска телевизија. Јас мислев побргу  грциштава ќе не признаек ко РМ, отколку тој ова добро дело да го напрајт. Добро за нас сите македонците, да не удостојт со вакво внимание.

Абе да не пукнит как не излезе порано зш ми ги отвори очите. Прво ми кажа дека и Гоце носел кече. Еве ја , зато и ние сега со си деца седнати сме и натуривме по едно на глата и да виш пак шубо ми стоело. Јас морам да признам дека одавна некако во потсвеста сакав да носам, бар по дома, ама некако ми беше шубе. Сега ми е полесно. Борецов за права на под дифолт угнетениве ме просветли.

Убо ни кажа чоекот дека: “….Зошто да не потсетиме на светлата историја на Гоце Делчев. Тој ја ставал албанската бела капа – кече и држел митинзи пред Албанците во Битола, Прилеп и цела Македонија. И кога го прашале зошто ја става албанската бела капа, тој одговорил – нашите работи се заеднички, нашето жртвување е заедничко. Ние немаме никакви претензии за поделба на Македонија затоа што Македонија е наша држава, Македонија е наша земја…….“

Е фалимендерит Шок Али. Ме просветли. Значи целата работа била во твојата голема мисла од малиот мозок дека нашите работи биле заеднички и дека нашето жртвување  било заедничко. И така е. И Вејце и Слепче и  Танушевци беше заедничко жртвување. Заедно гиневме.  И ние и вие, Господ  да ми простит шо викам ние и вие – ова ќе е последно, зш од сега сите ќе сме исти, со кечиња, мислевме за заедничките проблеми тогаш шо ги имавме и ти како нај паметен почна да ги решаваш. Само шо тогаш се збуни наместо ќече на глата зеде калашњиков в рака. Мада јас не ти замервам. То не е од некоја лоша намера, туку од незнаење. Шо знајт дете шо е калашњиков и дека тој пукат и опервит луѓе.

Интервјуто твое ме смири, така викет бар твојте ментори дека ова било за смирвење на тензиите. Ме смири и то шо кажа дека сте немале претензии да ја делите Македонија зш…. Македонија е наша држава, Македонија е наша земја…… И ти вервам. За ова најмногу ти вервам. Чим си е твое шојмат да го делиш. Да е моја Македонија и јас не би ја делел. Не е ова чоколадо пак ќе си ја поделиме меѓу другарите. Не така?

Сакав да прашам само кој ти ја даде. Од каде твоја? Тебе да те прашам ќе ми кажиш на албански и немат да те разберам. Да го прашам врвов наш, ќе кажит дека е не надлежен да објасвит како шо беше не надлежен за тргање на македонските знамиња по западна Македонија ко ги постави ти твојте во име на соживот помеѓу албанците од една страна и албанците од друга страна. А пусти ние македонци се радвевме на целото црвенило и се тешевме дека слични ни се знамињита. По црвенилото. Све во име на мирен живот. Ваш. И да ти кажам многу сум ти благодарен шо како така не оставаш да живејме на овие простори.

Как да е. Знам дека иднина имам после ова. И не само после ова. И после денот на дрвото. Јас тиквар незнаев дека мојата иднина зависела од дрва. Ете видов луѓе и од позиција и  од опозиција како ми ја кроет иднината. Е сега голем дел од нив, политичарите на криво ми ја засадвеја иднината. Двајсет и кусур години ја садад и пак некако на криво ојт. Ама ќе научат како ојт тој процес кај да е. Ако не овај петок тогаш другата среда. Требит цел процес добро да го проучат. Прво да ископет уба дупка за дрвото, иднината де. После убо да е наместет иднината, па полека да ја подзакопет за да мојт иднината да ојт на горе. Ко шо видовме некој од процесите некако слабо го знаеа ова политичариве и на криво ми ја засадвеа иднината.

Она шо не го промашвеа, бар јас така видов, сите многу убај дупки праеа за мојата иднина. Длабоки. И иднината ми ја редеа во длабока дупка. Ама трпение спасение и другите процеси ќе ги научат. Засега иднината ми ја садет криво. Само едно забораја. Ко ја засадија мојата иднина не ми ја повадија. Мене ми останвит тој процес. Само шо зш не ќе можам да носам вода за вадење, ќе стигнам до иднината, ќе застанам пред неа, ќе клам кече и ќе и се помочам. Да ја повадам де.

ЏИМИ
ј[email protected]

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.