Ете и то бидна. Завршија и овие локални избори. И ми се плачит. Ај шо ми се плачит, тук незнам зш ми се плачит. Дал од радост шо немат појќе да ме хипнотизирет со блатена ( б-то не е грешка) политичка програма или пак ми е жал шо завршија. Појма неам. Како и да е магијата наречена избори заврши и како и да е ваљда сега некој работи ни се појасни, демек работи кои требит да ни дает мир во душава, а богами  морам да кажам бар јас веќе почнав да станвам ептем горд. Абре санќим Гордославимир се викам.

Како прво покажавме, ние македонците, дека сме единствени, дека сме како браќа, дека сме едно, дека не се делиме, дека сме како г`с и гашчи, дека сме како гашчи и дневна влошка, дека сме…..Па да бе. Еве на пример прв пат во историјата во нашата НСРМ и во историјата на нашиот повечеќепартиско-плураситички сераторизам се обединија СДСМ-овците и ВМРО-овците. Мада имаше обединување и на други овци ама ова обединување беше едно од круцијалните со шо докажавме дека ако има потреба и неприроден, хетерокен, ај да не речам двоцевкоски однос ќе воспоставиме само и само за арно на нашата држава.

Ете то го докажавме во Кичево и Струга. Се обединивме. Мада според мене многу позначајно е кичевското братство. Така да јас  да се прашвам 24-ти март би го просласил како ден на “Македонска сплотација преку кичевско обединување на македонските народи во повоените периоди“. И данк. Одма музеј. Ама пак една работа ме думат. Незнајш со години шо власт ќе дојт. Мојт да го рушит тој музеј и да кренит музеј на “Жртвите од македонска сплотација преку кичевско обединување на македонските народи во повоените периоди“. Како ам.

И ај шо се обединивме туку сега мислам дека и конечно некако од тој град тргна, така да речам, незнам дал ќе згрешам, ама ако згрешам нека изгорам, како шо реков тргна или се надевам дека тргна, ваљда тргна и меѓуножното, пардон меѓунационалното помиривање на сите народи и  народности во НСРМ.

Е сега имаме тука некој зли јазици кој сакет да ни го поматет братството со албанскиот народ па као тие одма во Кичево го тргнале знамето македонско. А ние, македонците посебно, сме паметни знајме дека во Кичево владејт тајфун и тој се парталоса, така да и знамето го парталоса  и заради нашата паметнотија не дојде до некој ситни пиздарии. Напротив таму се појќе и појќе е релаксиран животот и митролезите шо ги носет децата ко ќе одет в градинка немат потреба да ги употребвет.

Друга добивка од избориве. Медицината. Ондосно напредокот на нашата медицина. Некако наеднаш луѓето во петокот се испоразболеа од ептем грди болести како: свиткано уше, прекршено влакно, јако воспаление на препонската жила, малигно кивање, акутен пролив,  контузија на ноктето на чулчето….па мораа да гласет од дома. И нормално за да не е пристрасно гласањето луѓето идаа со гласачките кутии ги оставаја пред врата, болниот со судни маки, зш повреден во ноктето од чулчето ќе се довлечкаше до кутијата и инкогнито со пенкалото в нос заокружвеше обратно од то шо ќе му речеа да гласат, за да не е сомнително и крај. Одма после то докторите, јака им душа,  реагираа и ги воскреснаа неделата сите до еден. Абре бурек  мојт да јајт Грејс  Анатоми….нормално после Јанко.

А една работа шо ме бендиса аку последна ја кажвам е то шо овие избори не сплотија сите македонци. Ама на никого не ни е важно од која партија ќе бидит градоначалникот. Зш отприлика истите благодети ни ги нудет и ќе ни ги дает и едните и другите. И то тие благодети се од големо стратегиско значење на НСРМ. Само некој да спомнам: хокејарско игралиште во Свирипичино, зоолошка во Виница, голф во Бело Водице прилепско, крикет во Сарамзалино, бејзбол во Коњско охридско, плесна школа во Долно Дупени …..и многу други.

Ама ете не бидвит све само со убајна. Мораше да дајме и жртва. Од ко ја дадовме та жртва јас не сум спан, не сум помочан чоечки, не сум јаден како сите нормално луѓе. Го изгубивме нашиот Робин Худ, нашиот спасител, нашиот ни Бране, кој све кладе на коцка сиве овие години да ни донесит арно. И животот беше спремен да го дајт не само да се втурнит во борба со октоподот, спремен беше и цревата да му ги рушет и тие како шлаг да истечат пред парламент на 24 – ти декември, дури и ни кажа дека нас ни е убо во неговот време само ние  не можевме да осетиме. Морам да признам дека јас за ова го осудвев, ама еве јавно, пред целата македонска јавност признавам дека дури  сега почна да ме болит чмарот, дури сега ги осетив неговите благодети од неговото дупење на македонскиот народ. Ама то е ….тој падна жртва…..јас ќе се обидам да издејствувам да се напрајт ако не друго музеј за “ Жртвите на Минхаузен“.

ЏИМИ
[email protected]

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.