“Лично јас ќе седам на царина и ќе ги контролирам фактурите да немат богатење на сметка на здравјето на граѓаните“. Ете ти. Премиерот ако требит и цариник ќе станит само за да ни просперират државичево. И ако веќе тргнал по фирми да сработит нешто нека потпојдит, на пример з`ш сега е актуелно со пожариве, и по пожарните низ Македонија да видит во какви услови и со каква опрема работет. Нека бидит ден два пожарникарот Сем. Да видит градоначалниците по колку и какви пожарникари имет вработено.

Меѓу останатото рече дека ќе се позанимавал и со претходната власт да видел “како блескаа изминативе седум години“. Вака рече. Но….овде имат едно НО….рече: “Летово ќе се посветиме на стабилизирање на состојбата, но од септември ќе се занимаваме и со нив и да види јавноста што правеле“.

Е сега незнам дал убо сфатив. Ова значит дека државава ќе ја стабилизират за нецели два месеци? Ако е така шо потреба на да избираме нови власти на 4 години. Да му прсниме секој, ај не два, туку три месеци на избори. Сепак ко ќе си напучен и секој збор ти се мерит на кантар, требит да си пазиш шо ќе избрбаш.

Требеше да пазит и Билјана Иваноска претходната претседателка на ДКСК ко ја нападна сегашната Татјана Димитровска која пак уште не фатена со работа си зеде дипломатски пасош, а другите 6 члена поднесоа барање. Јасно и гласно ѝ кажа на колешката дека дипломатскиот пасош, па и службените возила биле право само кој сакал да ги користи тие права. Ај за пасошите и така и така. Можда бившата имат право. Ама за точаците не. Според новава возењето на точаци од страна на претходната претседателка е чист популизам. Ама јас мислам и дека Бибето не зеде предвид нешто друго дури опасно по живот ако се ојт на работа со точак. Можда пак новиве членој на ДКСК имет здравствена мака некоја. Од кај знајш. Зато викам пази шо брбаш. Па жули жули трзај со газето на седиштето, па вопсление и шо напрајвме после? Ко ќе стигнет на работа наместо да се занимавет со предмети за корупција ќе морат да редет облоги. И после немало успех кај комисијата. Па како да имат. Немој така.

Тук ме чудит шо чудо од партија е СДС бре мајката. Ем не се на власт ем ради нив во здравство немат да се земат повисоки плати. Бар така рече Арбен новиот министер. Ти имало не дупка туку кратер во буџетот. Толку сиромав министерот го остајле шо немало ни за јогурт за министерството за здравство така да кифлата ќе ја јаделе на суво. Господ знајт и на шо се движит службената министерска кола. Можда пак имет земено од овие работнициве од Непал и ја туркет дур Таравари се возит. Како иначе ако е рушен буџетот. Кажа чоекот дека морат синдикатот да имат разбирање да почекат до година за потпишвење на колективен договор. Сите да имет разбирање за било која власт, а од друга страна ниедна власт немат разбирање шо еден батаљон медицински персонал фати јабана по странствово. Е за тој притисок Арбен ќе најдел средства и ќе вработел сестри и специјалисти. Мада незнам дал ќе му одат з`ш од ко завршија школи и факултети медицинариве се снајдоа можда и поарно. Кој таксист, кој скараџија, келнерка, продавачка во бутик и друго. Е така.

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите