Придавката е компарирана   пред избори а пак  во суперлативе е ако си од Сруга.

При тоа да не заборавиме најзаслужни за ваквиот “струшки синдром” се двете најголеми политички партии.Со огромна грижа за сопствениот праг “туѓите дворишта”не се тема на нивна размисла. А такви “туѓи” во Струга има околу 20 000 илјади. Ако се земе предвид дека нашата општина брои околу 55.000 гласачи зарем немаме право ние македонците во сопствена држава да се избориме за бадентеровиот принцип според кој би имале барем еден претставник во парламентот? Но за наша голема жал сепак за влез низ  парламентарните порти ,преку ходниците до салата на народните избраници важи Д’ Хондо-товата метода. А таа веќе докажано не ни оди во прилог.

А и како би ?

Поучени од предходните ,лекцијата само ја препишуваат за овие избори и туку-така именуваат партиски кадри од сопстветните кругови. Минатиот пат едните на осмо другите на десето место а сега замислете како тандем и двете најголеми партии на сигурно десето место ги ставија стружаните. Сигурно – недобито десето место!

Само за споредба во истата изборна единица кандидати на СДСМ од Охрид има тројца а на ВМРО ДПМНЕ четворица. И тоа на високи позиции.Не може ли барем еден да го отстапи местото на стружанец?

Како да делуваме локално за да менуваме глобално? Од ваквиот однос кон нас стануваме неважечко гласачко ливче. Но -постои тоа големо НО. Сепак имаме големи причини за бескрајна благодарност. Ви благодариме големи македонски партии што сакате да не оставите чисти и чесни што не не мешате во валканата политика.!

Ви благодариме сите ние неизселени стружани што ни помагате да сватиме дека кај што ти е убаво е домот а не кај што си роден,(па со куферите во рака заминаа многумина).

Ви благодариме на големата грижа од која станавме посамостојни! .

Ви благодариме од името на сите партиски и непартиски определени зошто сфативме дека за Вас тоа е се едно и исто и дека со директорско место овде -онде ќе ни ги затворите устите.
Ви благодариме и за Вас ќе гласаме а за нас оној светол ден кога ќе не огрее сонце- за подобра Македонија!

Ирена Чакареска