Го примивме брате го примивме. То е то. И ај шо го примивме туку и ко арно да ни е. Мада незнам јас шо толку радвење ко го примавме Курц во државава ко не ни е прв пат да го примаме некого.А? Мада овај последниов ко оригинален ми гледат зш не оту ќе го крстеа така ак беше вештачки. Шо викаш ти? И сега ај да чујам и твое мислење, ќе тргнит на арно од ко го примивме или ќе се кајме? Мада немат каење после примање ама пак навикнати сме ние.

Мада не ќе да е само до то шо ни се напрчи пустиот тој австриец Курц и го примивме најубо, туку јас мислам дека и дијаспорава, која ја болит за нас, да го поканит та и та малку да го попримат, та да знает какво e искуството да го примвиш со години, за да мојме барабар да прајме мубает. А не само од далечина да ни кажвет дека не е арно шо го примивме. Курц.

Абре кого не ко примивме денојве, те Меркелица, те Рон Џонсон ама пак прв ни дојде Јенс Столтенбенрг. Пак мажот прв ни се закачи се испотепа и ете го награди Пере. Од натовец го напрај улица. Мада фала му на Бога шо не дојде прв Курц па тој да станеше улица. Некако не ми звучит да речам дека живеам на Курцова 69. А? Ај нека ни е здрав и жив пустиот ваљда не се наљути шо не го напрајвме улица. Ич да не ми се секират тој. Ќе крстиме некој оддел за урологија по него.

Мада некако овде ми изиграа нефер. Јенс три пати дојде и крстивме улица. Ам ако е така зш не се регират за Лукас или за Цеца. Јас сум за то под хитно споменикон од онај баткана “Кирил и Методи“ одма маф од плоштад и наместо него џанг споменик на Цеца и то со си цицки. Шо појќе тој заслужил за споменик од Цецето а? Тој живеел и творел во некое друго време на култура, а ние сега се воздигвиме со клутурата на Цеца, Лукас, Стоја и други наши просветители.

Батали то тук да се вратам на посетиве. Без многу критики се ги измешавме работите. Ам море од среќа и радост незнајвме кај ни е глата. Јас искрен да бидам се посрав од радост. Ете и Хорхе остана без зборој не пак некој друг. Шефот на протокол Курца го напрај Латвиец, Зајко австралиец, Тнокоски на Канал 5 Меркелица ја напрај американка. Е за ова последново ептем ми е т`нк на душава. Хитлер гарант се навреди, гарант чоекот се превртвит во гробот. Се секират чоекот ко за ќерка да не речам.

Е сега дал со тие куршуми или не Зајко ги испука својте. Ме интересират сега дал Мицко ќе имат свој адути и со кој адути ќе пукат. Ваљда требит да очеквиме сега да ни дојт Путин, Лавров, дан го довлечкат пак од Кина Си Џинпинк не оти знам. Мада мислам дека со авторитетот кој го напрај Мицале посебно кај своето членство незнам дал би го удостоил и Коне со радионо од Охрид. Абре и Mao Це тунг да го станит од гроб бадијала му е за авторитетот негов.

Мада мислам дека е стабилен за својот став околу референдумот и не се двоумит. Или не. Рече пред една недела дека ќе го кажел својот став за референдумот. Или не. Мислам дека ќе му речит на членството да бојкотират. Или не….нека излезит и нека гласат против…или не. Или пак нека не излегвит а да гласат против, односно да излезит без излегвење или пак да бојкотират ама да ојт да гласат или не? А?

Е сега малку умот ми го матит шо имал и приватен разговор со Меркел. Шо то имаше тој нејзе да ѝ кажит ама приватно? Ме јајт јанѕа да дознам. Дал и имат објаснато дека Русија се љутит шо сакаме во НАТО. Или не? Зш та не оту знајт за то. Можда и имат речено, ај ти шо дојде дојде ама јас ќе му кажам на Путина да дојт… или не? Можда пак и имат речено дека мојт да се десит Русија да кренит џева како шо крена за Србија ко ја бомбардираа. Зш ак ти теквит тогаш се искочоперија на приштинскит аредором во 1999-та и Путин храбро им нареди да си одат.

Како? Шо бабо? Ам шо да им кажам санќим не знает тие дека едно време велевме ебати државата Албанија шо ѝ е запад, а сега Албанците викет: да така беше и така е и тогаш и сега вие сте за нас исток.

ЏИМИ

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите