по повод дневникот на ТВМ од 01.01. 2008г. во кој 
презентерката  соопшти дека
во Охрид и Струга не е родено ниту едно дете 
                                              

Да драги мои тоа сме сите ние на прагот на 21 век во кој живееме со убедување дека сме современици на најголемите достигнувања од сите области да не набројувам.  Вековите сме ги оставиле зад нас за да ни служат како споредбени алки за  пред се да докажеме колку сме …напредни, недофатливи,
 
Не само тоа туку сме и јасновидци па замислете си го планираме семејството бидејќи знаеме дека може да одгледуваме едно евентуално две деца кои ќе имаат се што ќе посакаат. Да ве прашам дали сте сигурни дека утре не ќе доживееме сообраќајка дека не ќе ни пропадне бизнисот или не ќе се разболиме?. Верувајте нашиот живот не е во наши  раце но сме добиле една бесценета дарба да сме одговорни за други животи..Повторно јас и пак мојата надеж дека нема да се бориме со сите сили против најчистата војска на неродени деца.Толку ли се опасност за сите нас па ги уништуваме со помалку совест одколку онаа на џелатите во концентрационите логори. Објаснете ми не сфаќам како е можно ако на вага се стават правото на избор од една страна и правото на живот од друга страна да тежат исто?
Девојки, жени, ќерки ако знаете- добро ако не читајте :

Абортусот е прекин на бременоста во која фетусот не е оспособен за живот надвор од мајчината утроба.При тоа намерно, насилно се отстранува плодот со киретажа или вакум аспирација.Со кирета се одвојува и извлекува дел по дел а ако главата е поголема што обично е со посебен алат се дроби па се извлекува со сукција. Ако е бременоста над три месеци тогаш оперативно се предизвикува породување после кое детето кое не ретко дише се остава да умре.Постојат и пилули за абортус после кои некои жени имаат потреба од трансфузија.Ги молам и мажите да не се затскриваат зад своите мускули тоа се и нивни деца .

За сликите кои следат најпрвин сакав да ви се извинам поради суровоста но размислив и намерно со сета одговорност ги праќам и верувајте ми  колку ме глас држи викам :

НЕ ГИ ЗАТВОРАЈТЕ ОЧИТЕ!

Пред абортус:

После абортус:

Не ве убедувам да имате пет деца имајте едно.Јас само ве молам да го родите детето ако е во вашата утроба.Не дозволувајте таа да  му биде гроб наместо дом.Ако една слика вреди илјада зборови следнава ќе вреди многу повеќе :

Лицемери мир на нашите души!

Ирена Чакареска
која е свесна дека нејзиниот живот
ќе биде пет пати повеќе исполнет со радости и разочарувања
но верувајте ќе биде исполнет.